Општи информации
За Катедрата PDF Print E-mail
There are no translations available.

Раководител на Катедрата: Проф. д-р Зоран КРАКУТОВСКИ

роден: во Скопје 13.03.1962 година

e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it


Краток историјат за катедрата:

Катедрата за железници на Градежниот Факултет во Скопје е формирана во 1952 година на тогашниот Технички Факултет - Градежен оддел, по три години од официјалниот почеток на Факултетот, кога сите предмети од наставниот план на Катедрата се предвидени да се слушаат последните три семестри, односно во четврта и петта година.

Прв раководител на катедрата е Проф. Станислав Јефтимијадес кој по барање на Владата на Р. Македонија доаѓа во Скопје и ја формира катедрата во склоп на Техничкиот факултет. Катедрата го покрива делот од науката за градежништво, кој се однесува за железниците со следниве предмети: проектирање и градење железници со сообраќајна економија, железнички горен строј, железнички станици и тунели.

Катедрата е формирана во времето на индустријализација на земјата со брз пораст на транспортните потреби, што резултира со интензивно градење и модернизација на железниците во втората половина од дваесеттиот век.

 

Актуелни состојби на катедрата

 

Членови на катедрата:

  • Проф. д-р Зоран КРАКУТОВСКИ
  • Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ

Катедрата за железници ја организира и изведува наставата од групата предмети кои се однесуваат на планирањето и економијата на транспортот и проектирањето и одржувањето на железничката инфраструктура на додипломските студии по градежништво и на последипломските студии на смерот за патишта и железници.

 

Катедрата е опремена со следните лиценцирани софтвери кои се употребуваат и во практичната настава со студентите:

Софтвер за проектирање на железнички пруги:

-          Ferrovia

-          Plateia

-          Civil-3D

 

Софтвер за пресметување на вознмодинамички карактеристики на траси на железнички пруги

-          Railnet-2

  • Предмети од Катедрата на додипломски студии:

1.   Железници 1

2.   Железници 2

3.   Горен строј на железници

4.   Железнички станици

5.   Одржување на железници

6.   Железници (конструктивна и хидротехничка насока)

7.   Патишта и железници - дел железници (насока за геотехника)

8.   Основи од планирање и економија на транспорт

 

  • Предмети од Катедрата на последипломски студии:

1.   Одржување железници,

2.   Сообраќајна економија,

3.   Методи за евалуација на проекти од транспортната инфраструктура,

4.   Квантитативни методи

 

  • Книги и печатени предавања изработени на катедрата:
  • Печатени предавања - Железници 1
  • Печатени предавања - Железници 2
  • Печатени предавања - Железници (конструктивна и хидро насока)
  • Печатени предавања - Железници (насока за геотехника)
  • Печатени предавања - Основи од планирање и економија на транспорт
  • Печатени предавања - Сообраќајна економија
  • Печатени предавања - Методи за евалуација на проекти од транспортна инфраструктура

 

Референци за катедрата

1. Студија за минимални и максимални температури во шините на територијата на Р. Македонија;

2. Kонсултант на Ј.П. Македонски Железници-Инфраструктура за тековни и специфични проблеми при градење и одржување на железниците во Р. Македонија.

3.  Учество во изработка на проектни задачи и програми за проекти од транспортната инфраструктура.

4.   Студија за ремонт на железничката пруга од Коридор 10 во Р. Македонија - техничка подготовка и економски вреднувања

5.    Технички елаборат за санација на долен строј на пругата од Коридор 10, делница Табановци-Куманово

 

Проекти ( истражувања ): Направени и кои се во тек на изработка

 

1. Идеен проект за двоколосечна железничка пруга за брзина 160 км/час на потегот Скопје - Велес како изместување на постојната, а за потребите на брана "Башино село".

2. Претпроект и идеен проект за пруга Градско-Кавадарци.

3. Рецензија на идејни и главни проекти за новата магистрална пруга Скопје-Софија на потегот од Куманово до граница со Р. Бугарија.

4.  Консултации во тек на градба на пругата од Коридор 8.

5. Учество во научно-истражувачки проект СОЅТ-355 на ЕУ на тема: Промени во однесувањето за постигање на одржлив транспортен систем

6.   Анкета за степенот на моторизација на домаќинствата во Град Скопје (2006/07)

7.   Учество во изработката на Националната Транспортна Стратегија

Last Updated on Tuesday, 27 February 2018 09:55
 


Најава



Banner

Powered by Joomla!. Designed by: Joomla 1.5 Template, ecommerce web hosting. Valid XHTML and CSS.