ДОБРЕДОЈДОВТЕ Print
There are no translations available.

Добредојдовте на серверот на Катедрата за  Железници на Градежниот факултет во Скопје.  Тука може да најдете информации за предметите кои се предаваат, наставниот кадар и истражувачките активности на катедрата.

Брза размена на материјални добра, како и пренос на податоците и информации се одвива со помош на сообраќајната инфраструктура, со која се овозможуваат сите видови на комуникации помеѓу луѓето. Со поврзувањето на населени места и градови, изворот на суровини, производните и потрошувачки центри, се реализира подобра циркулација на луѓе и материјални добра, што води до социо-економски развој на региони и држави. Во светот не постои пример за економски развиена земја без развиена сообраќајна инфраструктура.

Инженерите на насоката за патишта и железници се оспособуваат за планирање, проектирање, изведување и надзор на работите на патната и железничката инфраструктура. Наставата се одвива во следните пошироки научни дисциплини: економија и планирање на транспортни системи, изработка на сообраќајни решенија во урбанистичкото планирање, проектирање и градење на патишта и железници, проектирање и градење на градски сообраќајници, проектирање и градење на тунели, менаџирање со проекти од транспортната инфраструктура.

Примената на компјутерската техника со најнов софтвер е дел од практичната разработка на часовите за вежби со студентите.

 

Како особена поволност за доусовршување на студентите е можноста да продолжат со последипломски или докторски студии на Универзитетот во Тексас-Институт за Транспорт (Texas Transportation Institute TTI) со кого Градежниот Факултет има потпишано договор за меѓународна соработка и размена на студенти на последипломски студии. Соработката со светските универзитети и размена на студенти е дел од нашата меѓународна соработка. Студентите од нашата насока можат да го продолжат своето образование на Универзитетите во земјите од ЕУ (Франција, Италија, Словенија, Германија и др.).


Last Updated on Monday, 26 August 2013 10:22